555
Новинарите кои го следат рочиштето за предметот „27 април“ денеска собраа 50 евра за пратеникот Љубен Арнаудов, кој утринава рече дека од сега изјавите ќе ги наплаќа по таа цена. Сепак и покрај тоа што новинарите му ги понудија парите на пратеникот, тој не даде изјава на прашањето дали како обвинет во предметот ќе поднесе барање за амнестија.
На реакција од новинарите дека ги навредил, тој негираше.
-Не е точно дека ве навредив. Се обидов да се насмеам и да дадам порака за други луѓе – одговори тој и влезе во Кривичниот суд каде продолжува рочиштето по паузата.