Донев: Не верувајте на секакви глупости што ќе ги прочитате во некои медиуми

by fokus

Поранешниот директор на Агенцијата за туризам, Александар Донев, кој беше разрешен од Владата под притисок на медиумите, кои го напумпаа на ниво на скандал тоа што се превезувал со бизнис класа на службено патување, за прв пат се јави со реакција во јавноста по повод неговото разрешување.

Неговиот фејсбук статус го пренесуваме во целост.

„Најпрво благодарност за поддршката на оние кои ја искажаа и кои ме познаваат доволно да знаат дека тоа што го правам со години како и изминативе шест месеци го правам искрено и од срце и со една намера, а тоа е да помогнам на Македонија на начин на кој најдобро знам и умеам.

Најпрво како гласен критичар и борец против режимот, а последниве неколку месеци и како директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Улога навидум многу слична со полето на мојата експертиза и она што професионално го работам со години, но и многу различна поради тоа што е државна институција, нешто што е тешко да се опише на некој што од блиску немал можност да го запознае ова “чудовиште” или слободно можам да кажам ракот на нашата држава.

Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборам за што се случуваше овие неколку месеци, процесите кои ги започнав а немав време да ги реализирам и борбата што ја имав за да ја доведам во ред агенцијата и колку тоа е можно со ваква институционална поставеност и во ваков политички конктекст. Ќе го направам тоа во иднина – ветувам.

Сега би сакал само да апелирам да не верувате на секакви глупости што читате по некои медиуми и секако да прочитате и нешто повеќе од насловот. Не верувајте во сервираниот популизам и не ги глодајте коските фрлени за да се заситат гладните за сеир и жртва додека вистинските проблеми остануваат скриени.

Годишната програма за работата на агенцијата беше изгласана на истата седницата на влада на која бев разрешен. Иако не се согласувам со причината за моето разрешување (ќе аргументирам во блиска иднина зашто), јас ја почитувам одлуката на Владата.  Ми беше чест и задоволство да работам, да им служам на граѓаните и да ја претставувам Македонија како туристичка дестинација.  Како и претходно, ќе продолжам да работам во туризмот и будно ќе ги следам случувањата во овој сектор.

Искрено,
Донев“

Најпрво благодарност за поддршката на оние кои ја искажаа и кои ме познаваат доволно да знаат дека тоа што го правам со…

Publiée par Aleksandar Donev sur Mardi 13 février 2018

Поврзани новости