На член на Судскиот совет криви му се медиумите: Ниту сум криминалец, ниту џелат на судството

by fokus

Членот на Судскиот совет, Владо Богдановски, на денешната седница побара да се дискутира за тоа како судот е претставен во дел од медиумите. Тој се осврна на дебатните емисии на телевизија „Телма“, велејќи дека не е ниту криминалец, ниту џелат на судството.

-Не може со таква слобода на новинарството, некој да се појавува и со меч да мафта без некој да може да му одговори аргументирано. Исто така е болно од некој самонаречен адвокат експерт, кој што сите добро го знаеме, со истите имиња да не нарекува, а на сето тоа јас да седам мирно и да посматрам како некој ме нарекува со имиња кои не доликуваат – рече Богдановски.

На денешната седница на Судскиот совет тој предложи како посебна точка да се разгледува начинот, како што рече, на кој некои информации излегуваат во јавноста.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, рече дека на денешната седница ќе се бираат членови на Советот кои ќе ги предводат постапките за одговорност на судии.

Поврзани новости