Алиоски го канат во други ресторани, од „Ла Страда“ му се извинија

by fokus

Тимот на Винаријата „Попова кула“ во Демир Капија го покани македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски да биде гостин во нивниот ресторан. Поканaта следува откако Алиоски не бил примен во ресторанот „Ла Страда“, каде побарал маса со неговото семејство, со образложение дека сите маси се резервирани. Ситуацијата се смениле откако сфатиле дека се работи за македонскиот репрезентативец, но веќе било прекасно.

При тоа Алиоски тврдеше дека не биле примени затоа што зборувале на албански јазик.

„Почитуван господине Алиоски, ве покануваме со вашата фамилија да ни бидете гостин во нашиот ресторан. Ќе ни биде навистина чест и гордост доколку ја прифатите оваа наша покана. За арно, за убаво. Тим попова Кула“, порачаа од винаријата преку социјалните мрежи.

Инаку, неколку часа откако порталите ја објавија информацијата за Алиоски, проблемите беа надминати. Алиоски се вратил во ресторанот „Ла Страда“, добил извинување од сопственикот и потоа се вклучил во хуманитарна акција за помош.

Поврзани новости