Експлозија во „Мавровка“, навреме бил деактивиран вториот експлозив?

by fokus

Силна експлозија ги потресла синоќа гостите во кафе баровите во трговскиот центар „Мавровка“, по што веднаш интервенирала полицијата. За среќа нема повредени, но направена е материјална штета кај неколку локали.

Според неофицијални инфрмации избегната е поголема катастрофа бидејќи навреме бил деактивиран вториот експлозивен уред кој бил поставен во трговскиот центар.

Од МВР се уште нема детали за настанот. Според непотврдени информации инцидентот бил предизвикан за да му се наштети на сопственик на еден од кафичите.

Поврзани новости