Двајца разбојници и го земале телевизорот и прстенот од рака на баба што живеела сама

by fokus

Двајца разбојници, чиј идентитет е непознат за полицијата, влегле во домот на 62-годишна скопјанка, која живеела сама и била со нарушена здравје и ја ограбиле. Случајот во полиција го пријавила нејзината 43-годишана ќерка.

Според информации на полицијата, додека бабата спиела, крадците влегле во куќата преку незаклучена влезна врата, по што едно од лицата со рака и ја затворило устата.

„Потоа од рака и го одзело прстенот, по што одзеле еден телевизор и го напуштиле местото“, велат од МВР.

Настанот се случил вечерта помеѓу петокот и саботата пред полноќ. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости