Излезноста на дијаспората ја изненади јавноста поради малиот број на македонски државјани кои го искористиле правото на глас. Иако беа пријавени 2.694 лица дека ќе гласаат на референдумот, правото на глас го искористиле само 985 од нив.
Ова е најмалата бројка на гласачи од дијспората до сега. За споредба на парламентарните избори во декември 2016 година одзивот на гласачите во дијаспората беше 5.980, или за речиси 5.000 гласачи повеќе.
Како една од причините што можеби влијаеше на малата излезност се инциденти како тој во Мелбурн каде група иселеници ги снимаа и жигосуваа на социјалните мрежи македонските државјани кои излегоа да гласаат. Поради тоа на гласачкото место во Мелбурн гласаа само седум лица.
Сличен случај беше забележан и на гласачко место во Лондон, поточно иселеници со маички „бојкотирам“ ги набљудуваа луѓето што излегоа да гласаат.
Инаку гласањето за дијаспората чини околу 12 милиони денари.