Адвокатот Сашо Дуковски, кој го застапува првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски- Боки 13, денеска сподели со јавноста информации за неговата здравствена состојба и рече дека неговиот клиент постојано повраќа поради операцијата која ја имал за подврзување на желудникот.
-Тоа е операционен зафат кој јас лично го осудувам, од естетска природа, за намалување на неговиот желудник. Имаше две неуспешни операции на подврзување на тенкото црево. Нон стоп повраќа. Со право ни се смеат владителите на правото кога велат дека можеби е труден – рече Дуковски.
Прашан за кои владетели на правото мисли, Дуковски рече дека тоа го кажала со сарказам.
-Позната нација сме каде секој секому се сити за определена ситуација. Луѓе кои го мразат прашуваат да не е труден. Но реално не му е добра здравствената состојба. Можеби сам придонел за тоа со таква операција. Повраќа и паѓа, па редовно го носат во амбуланта и му даваат инфузија. Не јаде, не може да функционира, тоа е животозагрозувачка состојба – рече Дуковски.
М.В.