ДУИ го бојкотира последното обраќање на Иванов во парламентот

by fokus

Пратеници на ДУИ не присуствуваа на денешното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во Собранието. Во салата не се присутни ниту владините функционери од оваа партија.

ДУИ и минатите години ги бојкотираше обраќањата на Иванов. Најголемата албанска политичка партија не го признава Иванов за претседател уште од неговото стапување на функција.

Ова би требало да е последно обраќање на Иванов, бидејќи во април следната година ќе се одржат претседателски избори, со што ќе заврши неговиот втор мандат.

Поврзани новости