569
Александар Василевски Нинџа немал никаков статус во УБК. Ова на денешниот брифинг со новинарите го кажа директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски.
Прашањето следува по сведочењето на едно од рочиштата за “27 април”, дека обвинетиот Нинџа имал значка, пиштол, радиостаница и службен автомобил од УБК.
Директорот Николовски истакна дека се што поседувал Нинџа доаѓало преку лична релација со луѓе од УБК, од кои повеќето, како што рече, веќе не работеле таму.
В.В.