Најмалку што Еропската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе не постои консензус за европската иднина за Западен Балкан, ако ветувањето дадено во Солун 2003 веќе не важи тогаш граѓаните заслужуваат да знаат, напиша премиерот Никола Димитров на својот твитер акаунт откако Самитот на лидерите на ЕУ не успеа да постигне договор за проширувањето на унијата.
„Благодарност до сите лидери кои се бореа за отворање на преговорите заедно со нас, признавајќи го и потврдувајќи го историскиот Преспански Договор, но и поттикнувајќи ги домашните реформи и европскиот наратив на Северна Македонија, земја кандидат веќе 14 години. Додека чекаме нов консензус, ние мораме да продолжиме да ги браниме европските вредности дома“, напиша Димитров.