Дац: Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан, замина во Недојдија…

by fokus

Прераната смрт на познатата актерка Билјана Беличанец ја шокираше јавноста. Нејзините колеги и драмски уметници денеска се простуваат од неа. Актерот Драган Спасов Дац на својот фејсбук профил напиша:

„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.
Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.
Замина во Недојдија…“

Според се уште неофицијални информации Беличанец била пронајдена мртва во бањата од својот стан синоќа околу 23 часот. МВР најави за денеска официјални информации.

 

Поврзани новости