Неофицијално: Беличанец е најдена обесена во стан во Скопје

by Fokus

Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец е најдена обесена во стан во Скопје, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.

Според нашите информации, случајот во МВР го пријавил близок член на семејството. Повеќе детали за случајот се најавуваат во текот на утрешениот ден.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Поврзани новости