Чекале да заминат гостите од обложувалница, па да ја нападнат и силуваат касиерката, поднесено обвинение за две лица

by fokus
Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – разбојништво и силување.

-Настанот се случил на 31 декември 2018 година  кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да ја силуваат и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот, соопшти денеска ЈОРМ.

Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.

Поврзани новости