Серија научници од Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самооил, пишува бугарскиот портал „Днес“. Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете држава.
За крајот на ноември е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји. Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија.
Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.
-Можеби спорот за тоа чиј цар е Самооил ќе остане нерешен, ова е нашата заедничка европска историја. Кога се навраќаме кон историјата, подобро е да ги гледаме можностите за обединување – изјави претходно премиерот, Зоран Заев.