Бившиот ја натепал, успеала да побегне но се онесвестила

by fokus

22-годишната Џ.Ј. од тетовското село Селце, се онесвестила во село Желино, откако претходно успеала да му побегне на поранешното момче, кој физички ја нападна.

Како што велат од полицијата, Џ.Ј. и 28-годишниот Ф.Н. претходно договориле средба. Вчера утрината таа се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија помеѓу нив. Во еден момент од расптравијата, Ф.Н. физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото.

Кога пристигнале во с.Желино таа успеала да избега, но по кратко време изгубила свест и паднала. Кога се освестила забележала насобрани граѓани, кои случајот го пријавиле во полиција.

Од СВР Тетово велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости