Организаторите на денешниот протест кој се одвива пред Собранието паралелно со почетокот на втората фаза од уставните измени внатре во парламентот, обвинија дека утринава им ја исклучиле струјата, поради што биле принудени да купат агрегат.
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, рече дека ова е провокација заедно со поставувањето на металната ограда на средина од улицата пред Собрание.
-Заев прво што направи како премиер си зема лиценца за поризводство на марихуана. Затоа нашиот одговор мора да биде жесток, ние повеќе нема што да изгубиме. Можат да не следат, да не прислушуваат, да ни се закануваат, но да не дозволиме да ни го убијат духот – рече Бачев пред присутните.
Организаторите најавуваат дека ќе протестираат пред Собранието до Нова година.
На улицата пред законодавниот дом има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување.