Граѓаните на БиХ и Македонија од денеска ќе патуваат само со лични карти

by fokus

Спогодбата за услови на патување меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина од денеска стапува во сила, со што на граѓаните им се овозможува влез во двете држави и со лична карта, информира Министерството за надворешни работи.

– Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март, 2018 година, се вели во соопштението од МНР.

Поврзани новости