Соученик на терористот Брентон Тарант, одговорен за масакрот во Нов Зеланд, вели дека бил повлечен ученик. Лук Макскиминг, кој учел заедно во Тарант во средното училиште во Графтон во Нов Јужен Велс, вели дека го памети како ученик кој не се грижел премногу за оцените.
-Четири години учев со него и ова ме изненади. Беше тивок, повлечен тип со лоши оцени. Не се грижеше баш за наставата – вели Макскиминг.
Бабата на 28-годишниот Брентон Тарант, пак, реагирала со неверување за она што го слушнала од медиумите за својот внук.
94-годишната Џојс Тарант изјавила за медиумите дека ладнокрвниот убиец кој се снимаше себе како пука во муслимани кои се молат, не е внукот кој го познава.
-Тоа е многу вознемирувачко, особено затоа што Брентон беше толку добро момче, ракла таа за австралискиот Дали мејл, додавајќи дека тој семејството го посетувал два пати годишно, а последен пат за Божиќ.
Таа додава дека целото семејство тешко ги поднесува вестите.
-Правиме најдобро што знаеме. Не покажуваше знаци кон екстремистичка идеологија кога последен пат зборував со него, рекла неговата баба.
Вестите како вистински шок пристигнаа во семејството, особено за неговата мајка Шерон, која што за време на масакрот била во училница, каде што предавала англиски јазик.
Инаку семејството на напаѓачот веднаш се јавило во полиција откако го препознале неговиот лик на телевизија.
Брентон Тарант работел како личен тренер од 2010 година. Според неговите сограѓани не покажувал знаци на екстремизам.