435
Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот Х.Р. од скопското село Љубин. Настанот се случил вчера во 15.10 часот на улицата „Лука Геров“ во општиона Ѓорче Петров.
„Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.