447
Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена.
Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, појасни Додевски.
Повредениот возач бил однесен на лекување во Клинички центар – Скопје.