685
Жена на возраст од 37 години се обесила вчера на дрво позади трговскиот центар Лептокарија, во паркот спроти основното училиштето „Лазо Траповски“. Телото е пронајдено во 19.25 часот, а според очевидци глетката била страшна и траорна.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Станува збор за жителка на селото Бардовци со иницијали Л.П.