1,3 милијарди евра или 12 милиони евра по километар ќе чини проектот за изградба на коридор 8 и коридор 10 кој треба да се протега од Тетово, па се до Ќафасан. Вицепремиерот, Артан Груби, изјави дека цената е под просекот на изградени автопатишта во регионот, каде цената на километар автопат се движи до 19 милиони евра. Парите за овој инфраструктурен проект ќе се одвојуваат од буџетот на државата, по 250 милиони евра годишно.
-Станува збор за изградба на 110 км автопатишта. Од коридорот Тетово до Гостивар ќе имаме три ленти од лева и десна страна. Во делот од Гостивар до Кичево ќе се приспои до автопатот кој се гради од Кинезите. После од Требениште ќе се гради друг автопат. Од страна на Албанија веќе се гради, така да овој проект ќе не поврзе со Тирана, Драч и со сувото пристаниште во Драч – рече Груби.
Тој ги повика новинарите да разговараат со консултантите или експертите за овој проект.