582
Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, изјави вечерва бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на одбележувањето по повод Националниот празник на Бугарија.
Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.
Тој кажа дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.
-Ова е можно само преку остварување средби и контакти – потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари – рече Ангелов.