440
Шестнаесетгодишник од гостиварското село Сенокос вчера се здобило со тешки телесни повреди по пад од трактор со приколка во селото Добри Дол, што ја управувал А.Ч. (25) од село Топлица.
МВР информира дека момчето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Гостивар од каде поради карактерот на повредите било транспортирано во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.