15-годишно момче прободел во рамо ученик од „Арсени Јовков“

by fokus

Крваво завршила тепачка меѓу двајца ученици од средното училиште „Арсени Јовков“. 17-годишно момче завршило со убодна рана во рамото, која му ја нанел 15-годишен ученик.

„На 25.12.2018 година околу 09,50 часот од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив, било донесено 17- годишно лице од Скопје, со убодна рана во пределот на левото рамо. Повредата му била нанесена од 15- годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, информираа од полицијата.

Поврзани новости