Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, во одбрана на уметничкиот совет на театарот, составен од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тасевски одговори на критиките на своите колеги од фелата дека според луѓето кои членуваат во Советот, излегува како ВМРО-ДПМНЕ да ги добиле последните избори.
Како што вели Тасевски, членови на уметничкиот совет се драмски уметници кои придонеле многу за театарот.
„Гледам некој се побунил за Уметничкиот совет на Драмски театар и го нарече вмровски. Тој совет го формира директорот, во случајов, јас. Во него се докажани уметници од самиот театар Сашо Милековски, Дејан Лилиќ, Билјана Беличанец, Ирена Ристиќ и Диме Илиев. Одбрани се зашто придонеле многу за Драмски и театарот воопшто, а не затоа што се жолти црвени или сини. Никој не може да го оспори нивниот квалитет и критериумот по кој се одбрани, а тој НЕМА ВРСКА СО ПОЛИТИКАНТСТВО. Да се политизира таа одлука е чин кој има цел да ми наштети не само мене туку и на театарот.
Дали е Ристиќ Ирена вмровец? ТЕШКО. Дали е Диме Илиев вмровец? ТЕШКО. Беличанец беше градоначалничка од редовите на ВМРО, ама БЕШЕ… Сега е вработена актерка во Драмски со неспорни квалитети. Како да го кренам театарот ако се откажам од услугите на најдобрите актери?
Во еден добар тим играат најдобрите. Со Лилиќ приватно може не сме се мирисале, ама тој треба да игра зашто е добар глумец. И ако треба ќе побарам и совет од него. За Миленковски како режисер, важи истото. Ама порано биле блиски до ВМРО? И што? Сега треба да ги нема?
Оваа година во Драмски режираа и ќе режираат Ристе, Нела, Зоја, Вуси, Јане Спасиќ… И тие се вмровци… Не верувам. Во 2019 ќе режира Милчин Јоцо Симонов, Јаниќиевиќ… и они се вмровци?
А бе дај спуштете се на земја. Преку онаа работа ми е од вашите ниски удари и политизирањето на се што мрда“, порача Тасевски.
Гледам некој се побунил за Уметничкиот совет на Драмски театар и го нарече вмровски. Тој совет го формира директорот,…
Publiée par Sasho Tasevski sur Lundi 30 juillet 2018
Претходно актерот Петар Арсовски преку својот фејсбук профил напиша:
„Кога ке го видам составот на Умет. совет на Драмски, ДПМНЕ ги добил последниве паламентарни избори.“