406
11-годишно момче од село Дељадровци се здобило со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“ во Скопје, откако возејќи се на мотор се судрил со автобус.
Сообраќајката се случила вчера попладне во 15:30 часот. Мотоциклот што го возело момчето бил марка „Хамачи“ без регистарски ознаки.
Автобусот марка „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија бр.66, бил управуван од 48-годишниот М.Б. од истото село.
Од полицијата велат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.