Шефот на „алфите“ со службено возило на викенд во Охрид

by fokus

Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател во еден од угостителските комплекси до езерото, објави „Независен“.

До редакцијата на „Независен весник“ пристигнаа фотографии на кои се гледа спорното возило снимено во Охрид.

Од весникот го контактирале Димовски, но тој одговори дека не смее да зборува со новинари без да добие дозвола од неговите надредени. Неговите блиски потврдиле оти тој навистина бил во Охрид, но демантираат дека присуствувал на свадба, односно дека природата на неговата посета била приватна.

Поврзани новости