Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, откако беше објавено дека претседателот на Советот учествувал во носење одлука кога се одлучувало неговата вунка да биде избрана за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Како што рече Бејли, во Советот за јавни обвинители има конфликт на интереси и дека доколку некои медиуми не биле охрабрени да пишуваат за ова, јавноста немаше да дознае.
-Јавноста и професионалците изгубија уште неколку грама доверба во системот. Неколкумина новинари ја обработија оваа приказна, доаѓаме до моментот дека храбрите медиуми и граѓанското општешство имаат важна улога во владеење на правото – рече Бејли говорејќи за правосудството на денешната конференција во Собрание.
Изјавата на Бејли се однесува и на приказната што ја објави „Макфакс“ дека обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка, Лидија Раичевиќ, која пак, е обвинителка во предмет индиректно поврзан со Рајевска.