Советници на Иванов терале новинари да потпишат дека ќе молчат, тврдат од ЗНМ

by fokus

Здружението на новинари на Македонија тврди дека советници од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, сакале да замолчат дваесетина новинари и да им забранат да пренесуваат информации до кои ќе дојдат во врска со претседателот. Безбедносните сертификати биле понудени во име на поголема транспарентност, но ЗНМ го оценува таквиот чекор како обид за притисок и контрола врз медиумите.

Според Здружението најголем дел од новинарите што биле повикани, бланко го потпишале барањето без да имаат можност да се информираат за правата и обврските.

Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, новинарите се обрзувале да не изнесуваат одредени информации поврзани со претседателот. Во спротивно им се заканувала кривична пријава.

-Овој чин на кабинетот на претседателот претставува притисок на новинарството и претворање на медиумите во послушници на институцијата – изјави Селмани.

Безбедносните сертификати биле потпишувани по брифинг во кабинетот на Иванов. ЗНМ исконтактирале со претседателскиот кабинет, но од таму им било кажано дека таков брифинг никогаш не бил одржан.

Поврзани новости