Пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети, на својот Фејсбук профил напиша дека ниту граѓаните, ниту меѓународната заедница не подржуваат недемократско владеење и дека време е за оставка на Груевски.
-Јас гласав за оваа влада затоа што верував дека ќе станеме членка на НАТО. Ќе почнеме преговори со ЕУ, ќе ги исполниме ветувањата за рамноправност, ќе ги вратиме вредностите на демократијата, ќе воспоставиме безбедност, но за сето ова време владата ја изолираше Македонија од пријателите во меѓународната јавност, го уништи имиџот на земјата, напиша Мехмети.
Пратеничката на ДУИ вели и дека Груевски не покажал почит за принципите на етничко владеење и без прекин го попречувал имплементирањето на Охридскиот договор.
-Воспостави авторитаризам наместо демократија, не прифаќаше дијалог, го уништи соживотот, ја уништи внатрешната кохезија, напиша Ермира Мехмети.