810
БЕСА ја предлага Ермира Асани Салија за член на Државната изборна комисија, на местото на Бедредин Ибраими од ДПА. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната сеница го утврди предлогот на БЕСА, а изборот ќе биде ставен и на дневниот ред на денашната пленарна седница, по што Салија ќе седне во составот на ДИК.
Салија е дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата. Доаѓа на местото на Ибраими бидејќи БЕСА е четврта партија според бројот на пратеници во парламентот.
ДПА го загуби правото да делегира претставник во ДИК по поразот од последните парламентарни избори. Ибраими, инаку, е обвинет во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности.