Во врска со барањето на СЈО за истрагата за нелегалното прислушување во Македонија, со официјална реакција се огласи и компанијата Ериксон. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Ериксон потврдува дека на 19-ти октомври 2016 година доби барање од Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на Законското Пресретнување на комуникации. За понатамошни информации поврзани со оваа истрага, Ериксон Ве упатува на Специјалното Јавно Обвинителство за овој случај.
Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување.
Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите.