Ериксен го засили Интер

by fokus

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен и официјално е фудбалер на Интер, објави клубот.

Тој доаѓа од Тотенхем, а се претпоставува дека износот на трансферот е 20 милиони евра, бидејќи неговиот договор со „петлите“ беше до крајот на сезоната.

Играчот од средниот ред потпиша со „нероазурите“ до 2024 година и ќе игра со број 24.

– Со нетрпение очекував да пристигнам, да бидам на ова прекрасно место. Среќен сум што сум фудбалер на Интер. Јас сум многу возбуден, едвај чекам да ги запознам навивачите. Веќе имав можност да ја почувствувам нивната топлина. Тие ме натераа да се чувствувам фантастично, да се чувствувам одлично, рече Ериксен.

Доколку документите за него од Лондон пристигнат на време, нема да има никаква пречка за него да се најде во утрешната група за четвртфиналето за Купот на Италија против Фиорентина.

Ериксен е трето ново засилување на Интер во Премиер лигата овој месец. Претходно на „Меаца“ пристигнаа Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед и Виктор Моузес од Челзи.

Поврзани новости