Малолетничка со прострелна рана во главата пренесена во Клинички центар

by fokus 16:33
16:33

Вчера попладне, малолетно девојче биле донесено во Клинички центар со прострелна рана во главата, пренесуваат од МВР.

„На 27.01.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, додаваат од МВР.

- Advertising -

Поврзани новости