Ереван: Азербејџанците лажат дека шверцуваме оружје, тие го прават тоа

by Fokus

Службата за национална безбедност на Ерменија (НСС) денеска категорично ги отфрли тврдењата на азербејџанскиот претседател Илхам Илиев дека ерменската армија шверцува оружје со цивилни авиони, летајќи над околните земји и го обвини Азербејџан дека е тие го прават тоа.

– Имаме разузнавачки податоци дека Азербејџан шверцувал голема количина оружје и плаќал терористи на негова територија. Тоа се случи на два товарни лета со Боинг 747 и ИЛ-76 на 16 октомври. Тие отидоа на аеродромот Баграм во Авганистан, а потоа на 17 октомври се вратија во Баку од Баграм. Истата рута е планирана и за 18 октомври, планираат два лета кон Кандахар. Имаме информации дека таквите операции ќе продолжат и по 18 октомври, наведува ерменската разузнавачка служба.

– Азербејџанците шират лажни вести како резултат на болна фантазија, рекоа претставници на НСС.

Ерменската разузнавачка служба соопшти дека пласирањето лажни вести станало главната компонента на „турско-азербејџанскиот терористички сојуз, кој спроведува воени операции и сака да го наруши угледот на Ерменија и добрите односи со пријателските земји“.

Поврзани новости