Фотогалерија од спомен обележјето на Тоше Проески: Тој има само датум на раѓање

by Fokus

По речиси една година работа, заврши реставрацијата на гробното место на поп-иконата Тоше Проески во неговото родно Крушево.

Вчера, на 13-годишнината од неговата трагична смрт, за првпат беше достапно за јавноста спомен обележјето на нашиот поп пејач.

Иако се најавуваше дека целосната реконструкција ќе биде готова уште во јуни, поради состојбата со корона вирусот, работите се одолговлекоа.

Сега објектот е направен од висококвалитетен материјал, со стакла од сите страни, a на мермерната плоча од гробот на Тоше е поставен и метален крст од МПЦ во Хрватска, фотографија со ликот на Тоше и кристално срце од маратонците кои трчаа во негова чест.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости