Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е подготвен повторно да ја воведе смртната казна, доколку народот тоа го побара, а парламентот го усвои неопходниот закон, и потсети дека таков вид на казна применуваат и САД, Русија и Кина.
Зарем смртната казна не постои во Америка, Русија и Кина? Во земји ширум светот? Само во земјите на Европската унија нема смртна казна-рекол Ердоган доцна синоќа во обраќањето пред стотиците следбеници пред својата резиденција во Истанбул.
Тој на поддржувачите им порачал, додека извикувале Анкара повторно да ја воведе смртната казна после неуспешниот воен пуч дека Турција е „демократска земја во која владее владеењето на правото“ и дека „барањата на народот не може да се занемарат“.
Ердоган исто така рекол дека денес планира да се состане со Националниот совет за безбедност.
Судејќи според одговорите кои Ердоган ги даде за Си-Ен-Ен, тој воопшто не се спротивставува на смртната казна, пишува „Јутарнји“.
„Зошто да ги држам сите по затворите и уште со години да им давам храна? Тоа народот ми го кажува“, вели Ердоган.
„Народот сака што побрзо да завршиме со ова, бидејќи на луѓето им се убиени роднини, соседи и деца. Тие многу патат, многу се чувствителни и затоа мора и ние да делуваме разумно и да сочувствуваме со нив“, изјави Ердоган.