Eрдоган: За членство во ЕУ ќе одлучиме со референдум

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека следната година земјата ќе одржи референдум за тоа дали да ги продолжат преговорите за членство во Европската Унија.

Во своето обраќање пред нацијата, Ердоган порача дека Турција ќе биде трпелива до крајот на годината, а потоа ќе се огласи народот за членството во Унијата.

-ЕУ се обидува да не присили да се повлечеме од преговорите за влез во друштвото. Ако не не сакаат, тоа јасно нека го кажат – рече Ердоган.

Инаку, Европската унија се подели по прашањето како да се третира Турција, по пучот. Австрија побара суспендирање на кандидатурата на Анкара за членство во ЕУ, а Велика Британија се заложи за зачувување на врските.

Поврзани новости