Ердоган: Турција прими четири милиони бегалци, ЕУ не го испочитува ветувањето

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во текот на историјата, Турција, без никаква дискриминација, ги прифаќала и ги поддржувала  сите загрозени народи.

Ердоган испрати порака по повод Светскиот ден на бегалците, во која истакна дека секојдневно се случуваат различни трагедии во Медитеранот и дека Турција покажала хуманитарно и морално однесување кон кризата што ги погоди Сирија и Ирак.

Критикувајќи го ставот на земјите на ЕУ против бегалците, Ердоган рече: „Додека многу европски земји се кријат зад бодликава жица, Турција е домаќин на четири милиони бегалци, од кои 3,5 милиони од Сирија”.

Ердоган потенцира дека ЕУ не го почитува ветувањето за бегалците кое и го даде на Турција.

Поврзани новости