Во Грција искршени статуи на египетски богови во древен храм

by fokus

Грчките власти соопштија дека непознати лица ги искршиле репликите на статуи на египетски богови од римскиот период, кои се наоѓале во древен храм оддалечен 40 километри северно од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека гипсените копии на статуите на Изида и Озирис од вториот век претрпеле значајни оштетувања.

Во соопштението се наведува дека вандализмот e извршен во период кога храмот бил затворен. Полицијата отвори истрага за овој инцидент.

Светилиштето посветено на египетските богови е изградено на мал вештачки остров во непосредна близина на градот Маратон. Оргиналните статуи се чуваат во археолошкиот музеј во Маратон.

Поврзани новости