Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата може да се „одвои“ од Европската унија доколку е потребно, коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент во кој се наведува дека продолжувањето на пристапот на Анкара во Унијата е невозможно според сегашните околности.
Одговарајќи на прашањата на новинарите во врска со извештајот на ЕП за Турција, усвоен претходно оваа недела, кој ја повика ЕУ да размисли за усвојување „паралелна и реална рамка“ за односите со Анкара, Ердоган рече дека „ЕУ се обидува да се одвои од Турција “, објави Ројтерс.
„Во овој период кога Европската унија прави чекори за одвојување од Турција, ние ќе ја дадеме нашата оценка во врска со овие случувања и по овие оценки, можеме да се разделиме со ЕУ доколку е потребно“, изјави Ердоган пред новинарите, пред неговото патување во САД.