Турскиот парламент ги усвои промените во Уставот, со кои претседателот Реџеп Таип Ердоган ги зголеми своите овластувања во земјата. Со нив, му се зголемува одлучувачката моќ на Ердоган, а му се овозможува да остана на власт најмалку до 2019 година.
Новата реформа ја укинува функцијата на премиер и му дава право на претседателот да именува или отпушта министри. Наместо премиерското место, во владата ќе има потпретседатели.
Уставната реформа ќе му дозволи на Ердоган и директно да интервенира во судството преку именување на судиите.
На ова остро се противеше опозицијата, но и голем дел од граѓанскиот сектор кој организираше низа протести низ Турција пред донесувањето на законските измени. Дел од протестите беа насилни, а имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Пред гласањето во парламентот, изби и тепачка меѓу пратениците, но на крајот партијата на Ердоган со мнозинство гласови ги усвои измените во Уставот.