ЗНМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ поддржува ликвидации на новинари?

by fokus 22:11
22:11

ЗНМ се огласи со реакција по нападите од ВМРО-ДПМНЕ од каде најавија „десоросоизација” на ова новинарско здружение, кое го обвинија дека е „платен мегафон на СДСМ/Сорос”.

-Ако правите сериозна анализа кои ги корумпира медиумите фактите се непобитни, владата на Груевски е таа која десет години трошпи народни пари за да ги контролира медиумте – посочи претседателот на ЗНМ, Несер Селмани.

Тој ја повика партијата да се изјасни околу говорот на омраза на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски, кој буквално повикува на линч на неистомислениците на власта.

-Да се изјасни околу заканите на нивниот член Петровски, за заканите за ликвидација против медиумите и народот ја очекува оваа реакција и дали ВМРО-ДПМНЕ се согласува да извршува атентати и ликвидациипротив новинари зошто застапуваат поинакви ставови – прашува Селмани.

Поврзани новости