Ердоган се појави во јавност, првпат по тврдењата дека доживеал срцев удар

by Fokus

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска се појави во Истанбул за првпат по четиридневна пауза поради болест, покажуваат телевизиските снимки.

Ердоган (69), кој според официјалните информации имал стомачен вирус, изминативе четири дена зборуваше само преку видео-врска, што покрена прашања за неговата здравствена состојба, две недели пред претседателските избори закажани за 14 мај.

Во јавноста се појавија тврдења дека тој доживеал срцев удар, кои брзо беа демантирани.

 

Поврзани новости