Ердоган размислува да воведе смртна казна

by Фокус

Говорејќи за лицето кое го подметна шумскиот пожар во Мармарис, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган рече дека треба да се разговара за воведување на смртна казна за подметнувачите на пожари.

-За смртната казна треба да се разговара. Од овој пожар не се оштетени само шумите, туку и животните. Султанот Фатих вели: „Ќе пукам во вратот на секој што ќе исече дрво од мојата шума“. За ова треба да се разговара. Треба да се разговара и да се нагласи прашањето за смртната казна – рече Ердоган.

Инаку, пред 3 дена избувна шумски пожар во Мармарис. Со интервенцијата беше спречено понатамошното ширење на пожарот. Во напорите за гаснење учествуваа 15 авиони и 46 хеликоптери.

Поврзани новости