Ердоган прославува победа на референдумот

by fokus

Според првите неофицијални резултати од референдумот во Турција граѓаните се изјасниле за воведување претседателски систем, односно гласале за измени со кои целата власт ќе биде во рацете на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој прогласи победа и рече дека резултатот е јасен.

Досега се преброени 90 отсто од гласовите и 54,2 отсто се изјасниле „за“ уставни промени, а 45,7 се „против“.

На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи. Светските медиуми јавуваат дека биле констатирани и голем број неправилности при гласањето.

Атмосферата е мирна, со исклучок на неколку тешки инциденти. Во провинцијата Дијарбакри три лица загинаа пред гласачко место, откако избила тепачка поради различни политички убедувања.

 

Поврзани новости