427
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи во првиот круг од претседателските избори на кои освои нов петгодишен мандат, но овојпат со извршни овластувања.
Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и развој и малата Партија за национално движење на парламентарните избори, нагласувајќи дека имаат мнозинство во Парламентот во кој има 600 места.