334
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поддржал влезот на Шведска во воениот сојуз.
Столтенберг ја објави оваа вест на Твитер, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Претседателот Ердоган се согласи да го проследи протоколот за пристапување на Шведска до Големото национално собрание што е можно поскоро и да обезбеди ратификација. Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни“, напиша генералниот секретар на НАТО.